ИФФХС го избра Куртоа за најдобар голман во годината

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Се водеше голема битка помеѓу голманот на европскиот шампион и голманот на репрезентацијата на Аргентина, но на крајот Тибо Куртоа е избран за најдобар голман во 2022 година според Меѓународниот инсиститут за фудбалска статистика (ИФФХС).

Станува збор за избор во кој нема гласање, туку само се сметаат статистичките податоци на клупско и репрезентативно ниво. Куртоа го остави Емилијано Мартинез зад себе со освоени 125 бодови, Аргентинецот освои 110 поени.

На третото место заврши уште еден голман кој бранеше одлично на Светското првенство, Јасин Боно од Мароко кој го чува голот и на Севиља. Боно на третата позиција освои 55 поени. Во топ пет голмани се најдоа уште Доминик Ливаковиќ од Хрватска и Уго Лорис од Франција.

ИФФХС исто така избра и најдобар фудбалер, а според нив тоа е Лионел Меси кој немаше преголема конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот