Идејата за колективен имунитет пропадна: Само седум отсто од Англичаните го прележале коронавирусот

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Околу седум отсто од луѓето во британската покраина Англија се инфицирани со коронавирусот, покажале резултатите од тестот на антитела на случаен примерок.

Како што објавила Канцеларијата за национална статистика, примероци се земени од 885 луѓе.

Во студијата се оценува дека во Англија еден од 15 луѓе бил заразен, пренесува Би-Би-Си. Во анализата се проценува дека во Англија моментално се заразени 133.000 луѓе, што е 0,24 отсто од популацијата.

Премиерот Борис Џонсон во март ја заговараше стратегијата „колективен имунитет“ и не сакаше веднаш да воведе рестриктивни мерки, но заради притисокот на јавноста се откажа од таа стратегија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот