ИД: Израелските сили убиле повеќе од 170 терористи на Хамас во болницата Ал Шифа во Газа

Сеќавање на цивилни и воени жртви во Тел Авив EPA-EFE/ABIR SULTAN

Министерство за здравство соопшти дека пет пациенти го загубиле животот во нападот на ИД.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека убиле повеќе од 170 вооружени лица на Хамас и заробиле 800 осомничени за тероризам за време на тековната операција против палестинската група во болницата Ал Шифа во градот Газа.

ИД соопшти дека израелските војници исто така лоцирале инфраструктура што им припаѓа на терористичките групи и складишта за оружје за време на операцијата во болницата Ал Шифа, која започна во понеделникот, објави „Тајмс оф Израел“.

Во меѓувреме, во текот на изминатиот ден, израелските воздухопловни сили нападнаа околу 35 локации низ Појасот Газа, вклучувајќи командни простории и друга инфраструктура што им припаѓа на терористичките групи, според ИД.

Забележано е дека околу 15 терористички оперативци биле убиени во центарот на Газа за време на интензивните борби во текот на изминатиот ден. додека палестинското Министерство за здравство соопшти дека пет пациенти го загубиле животот во нападот на ИД.

Вооруженото крило на Хамас и Исламски џихад соопшти дека нивните борци биле ангажирани во борби со израелските сили во близина на болницата Ал Шифа во градот Газа, иако Хамас негира какво било присуство во објектот, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот