Ибрахимовиќ го потврди враќањето во Милан

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Златан Ибрахимовиќ потврди дека се враќа во редовите на Милан шест месеци по завршувањето на играчката кариера.

Ибрахимовиќ ќе се врати, но не во тренерска улога како што се шпекулираа во текот на денот дел од италијанските медиуми. Швеѓанецот се враќа во улога на советник на сопственикот Гери Кардинале.

Планот е 41-годишниот Швеѓанец да биде десна рака на Кардинале и неговата инвестициона компанија „Ред Бирд“.

„Мојата љубов кон Милан никогаш не исчезна. Враќањето беше мој сон. Ќе помагам на Милан и РедБирд во различни области“, изјави Ибрахимовиќ.

„РедБирд“ е партнер на голем број спортисти, тимови и деловни личности.

„Тоа што го правил Златан не е само физички талент, туку и висок интелект и претрпиемачки дух. Во РедБирд развивме партнерство со избрана група на луѓе, спортисти и уметници кои се способни да носат напредок“, изјави Кардинале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот