Ибрахим: Со рушењето на груевизмот, почна нормализацијата на државата и еднакви права за сите етнички заедници (ВИДЕО)

За време на режимот ги поминавме најтешките моменти. Заедно со СДСМ не спојува иднината на Македонија. без разлика што сме етничка партија ние нудиме решенија и за образованието и за економијата, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ претседателот на Партијата за Движење на Турците во Македонија, Енес Ибрахим.

-Има подобрување во образованието, односно наставата на турски јазик. За времен на груевизмот немаше средства да се отворат работни места за уште по некој професор или паралелка. Сега тоа почна да се први, имаме нови паралелки во средното стручно образование. Додека се поставуваа скулптури во минатото, образованието течеше во најмизерни услови. немавме ни достоинствени училници. Но, со нормализацијата и демократизацијата на нашата држава веќе има подобрување.

-До сега најдовме добри решенија за идната влада. Ние сме професионална партија која има отворени врати за соработка и во секојдневна комуникација сме со граѓаните. Нудиме и економски решенија, решенија и за младите и за земјоделците.

Со нови работни места ние почнавме да ги задржуваме младите во државата. Ако ги следиме извештаите имаме раст на вработените и од турската заедница. веруваме дека и во иднина ќе имаме можност помладите образовни кадри да бидат дел од државната администрација, изјави Ибрахим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот