Ибиши и Норвежанецот Гронер нови имиња во нападот на Шкупи

Фото: FC Shkupi

Tимот на Шкупи денеска објави две засилувања и тоа двете се во офанзивниот дел од тимот. Нови играчи на чаирчани се Џемал Ибиши кој пристигнува од Тиквеш и Норвежанецот, Ерик Лонге Гронер.

Ибиши е дете на Вардар, а зад себе има и интернационална кариера настапувајќи во за Локомотива Загреб, Дубрава и Оријен.

Во домашниот шампионат се врати во 2023 година од редовите на Ориент кој беше негов последен клуб во странство. Договорот кој го потпиша со Шкупи има важност до јуни 2025 година.

Кога е Гронер во прашање тој го носеше дресот на норвешкиот Сонгдал кој се натпреварува во второто по ранг натпреварување оваа земја.

Нападот на Шкупи очигледно ќе биде многу изминет во вториот дел од сезоната, а ќе видиме како тоа ќе функционира на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот