Иако во недела работат само 16 пати годишно, хрватските трговци имале добар промет

Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Хрватскиот Уставен суд на 6 февруари ги урна сите надежи на трговците, потврдувајќи го новиот Закон за трговија, кој им дозволува да работат само 16 пати годишно во недела, предизвикувајќи паника дека тоа може да биде погубно за нивниот бизнис, анализира Н1 Хрватска.

Покрај продавниците, погодени се и пекарниците, па дел од нивните сопственици секој ден во неделата наоѓаат начини да работат. Но, не може секој да направи такво нешто, а во морето на нивните критики за законот што се спроведе во јули минатата година, останува впечатокот дека се губат сериозни пари.

Но, со оглед на тоа што потрошувачите веќе се навикнаа да не можат да одат во продавниците во недела, тие купуваат повеќе во другите денови, па затоа, теоретски, потрошувачката не треба да биде послаба.

Според податоците од Даночната управа, само во Загреб, лани се издадени 28 милиони и 42 илјади фактури во вредност од 466,52 милиони евра. Иако вообичаено се работеше шест дена во неделата, продавниците на големо и мало бележат повисоки приходи, но и поизразен промет. Всушност, идентично е кога се гледаат апсолутно сите други жупании во Хрватска кадешто има повеќе издадени фактури и нивните износи се поголеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот