И по 22 години од воведување на еврото, во Германија сè уште има 12,2 милијарди марки во оптек

Евра
Евра / Фото: Pexels/Markus Spiske

Речиси 22 години по воведувањето на еврото, во оптек сè уште 12,2 милијарди германски марки кои граѓаните не ги замениле за евра, објави денеска Централната банка на Германија.

„На крајот на ноември во оптек се уште имаше 12,2 милијарди монети и банкноти од германски марки, односно 6,24 милијарди евра“, изјави директорот на германската централна банка Буркхард Балц во интервју за агенцијата ДПА.

Тој рече дека само годинава за евра се заменети 53 милиони марки.

„Сметаме на тоа дека следната година ќе има масовна размена на марки во евра. Зачуден сум од фактот дека и во третата деценија по воведувањето на еврото, колку марки се уште не го нашле патот до Централната банка“, рече Балц.

Тој смета дека одредено количество марки никогаш нема да се заменат за евра бидејќи ќе останат во збирките на нумизматичарите. Во оптек се уште има банкноти во вредност од 5,7 милијарди марки и монети во вредност од 6,6 милијарди марки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот