И ОТКАЖАЛЕ СРЦЕТО И БЕЛИТЕ ДРОБОВИ: Почина родилка, бебето спасено

Дваесет и седумгодишна родилка од Македонска Каменица вчера починала на Клиниката за гинекологија.

Со Брза помош била донесена во Скопје во тешка здравствена состојба, со масивна тромб емболија поради што дошло до попуштање на срцето, но и белите дробови.

Родилката била во осмиот месец од бременоста, а гинеколзите успеале да го спасат бебето кое во моментов е на интензивна нега.

Проблеми со дишењето родилката чувствувала во текот на изминатата недела, но не го сметале за сериозно, бидејќи мислеле дека е поради замор од свадбата која се одржала во саботата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот