И Никола Миротиќ е позитивен на корона

epa08732721 Will Thomas (L) of BC Zenit in action against Nikola Mirotic (R) of FC Barcelona during the Euroleague basketball match between BC Zenit St. Petersburg and FC Barcelona in St. Petersburg, Russia, 09 October 2020. EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Првата ѕвезда на Барселона, Никола Миротиќ е последен од кошаркарите кои играат во Евролигата кој е позитвен на ковид-19.

Коронавирусот продоложува да се шири помеѓу екипите кои се дел од Евролигата, а најнов случај е тој на Никола Миротиќ.

Првата ѕвезда на Барселона преку социјалните мрежи соопшти дека е позитивен на коронавирус по последното тестирање.

Сакам да ве известам дека сум позитивен на ковид-19 и за жал нема да можам да играм на денешниот натпревар. Се чувствувам добро и ги следам инструкциите на лекарите. Среќно на моите соиграчи кои ќе ги бодрам од дистанца“, порача Миротиќ преку Твитер.

Миротиќ е заразен со корона по натпреварот од минатиот петок со рускиот Зенит кај кого владее хаос поради коронавирусот бидејќи дури осум кошаркари се позитивни. Поради тоа, двата натпревари на Зенит против Басконија и Валенсија кои требаше ги игра оваа недела се одложени, додека екипата на Асвел има девет кошаркари кои се здрави пред натпреварот со Панатинаикос.

Миротиќ не е единствен член на Барселона кој е позитивен на коронавирус, претходно се зарази и главниот тренер на екипата, Шарунас Јасикевичиус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот