И Манчестер јунајтед во трката за потписот на Обамејанг

Пјер-Емерк Обамејанг не е во плановите на Барселона/Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Се шпекулира дека искусниот напаѓач Пјер Емерик Обамејанг би можел наскоро да ги напушти редовите на Барселона.

Интернационалецот од Габон во последните неколку недели беше на „мета“ на лондонскиот Челси кој има намера да го освежи нападот.

Новинарот Џанлука ди Марцио објави дека во трката за потписот на Обамејанг се наоѓа уште еден премиерлигашки гигант Манчестер јунајтед.

Сo доаѓањето на Роберт Левандовски од Баерн Минхен, Габонецот доби силна конкуренција во нападот на Барса, па можно е летово да има нов клуб.

Во слична ситуација е и Мемфис Депај чии услуги исто така ги посакуваат „црвените ѓаволи“. Повеќе прочитајте ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот