Хутите нападнале брод што плови во под грчко знаме

Брод плови кон Црвено Море додека ескалираат нападите од Хутите/ Фото: EPA-EFE/MOHAMED HOSSAM

Товарен брод во американска сопственост што плови под грчко знаме бил на мета на напад со два проектили во близина на Јемен, без при тоа да биде повреден екипажот или да е предизвикана материјална штета, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите, јеменските Хути го нападнале бродот со два проектили кои завршиле во морето на оддалеченост од само 15 метри, а членовите на екипажот, вкупно 23 лица, од кои петмина се Грци, се во добра здравствена состојба.

Нападот се случил додека товарниот брод што пренесувал жито, пловел од Аргентина кон Јемен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот