Хутите гаѓаа британски танкер во Црвеното Море

Јеменските бунтовници Хути истрелаа проектили на британскиот танкер „Полукс“ во Црвеното Море, а портпаролот на таа милитантна група Јахја Сареа тврди дека бродот бил директно погоден.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека „Полукс“ бил погоден од левата страна со проектил истрелан од Јемен. Бродот бил идентификуван како товарен брод под панамско знаме кој превезувал сурова нафта во Индија, наведува „Тајмс оф Израел“.

Претходно, Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО), како и британската поморска безбедносна фирма Амбреј, соопштија дека панамскиот танкер бил погоден на 133 километри северозападно од пристаништето Мока.

„Според извештаите, бродот претрпел мала штета. Екипажот е безбеден, никој не е повреден“, соопшти компанијата Амбреј.

„Полукс“ тргна од Новоросијск, Русија, на 24 јануари и требаше да пристигне во Парадип, Индија, на 28 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот