ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Фудбалерот на Ливерпул целата плата ја донира за храна во болниците во Глазгов

Левиот бек на сè уште актуелниот европски шампион, Ливерпул и шкотски репрезентативец, Енди Робертсон, во овие тешки времиња кога светот се бори со пандемијата на коронавирусот, тој покажа што значи хуманост.

На Банката за храна во Глазгов и ја донира својата неделна плата која изнесува 50.000 фунти. Храната од таа банка се разнесува со шест болници во Глазгов и околината.

Робертсон сакал овој негов хуман гест да остане анонимен, но на крајот приказната излезе во јавноста.

„ Еден шкотски фудбалер ни донираше огромна сума на пари за храна“, напишаа на Твитер од Банката за храна, а луѓето веднаш дознаа за кого станува збор.

Имено, Робертсон во последните три години редовно и донира финансиски средства на Банката за храна во Глалзгов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот