Хуманитарна акција „Помогни му на другарче во невоља“

Јавната детска градинка „Весели цветови“ и клонот „Ѓурѓица“ спроведоа голема хуманитарна акција за детенцето кое ја посетуваа оваа детска градинка, а во пожарот го изгуби својот дом.

-По опожарувањето на семејниот дом на детенцето, кое во населбата Пинтија го посетува објектот„Ѓурѓица“, градинката со цел да му помогне на семејството спроведе голема хуманитарна акција, насловена „Помогни на другарче во невоља“, велат од Општина Кисела Вода.

Вработените и родителите на дечињата, од сите објекти во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“, донираа прехранбени производи, облека, машина за перење, мебел за дневна соба и финансиски средства.

Сите хумани граѓани и фирми, кои се во можност да му помогнат на семејството, со истото можат да контактираат на телефонскиот број: 078/719-426.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот