Реакција од Движењето „Европа сега“ по оставката: „Милатовиќ подолго време ја опструира работата на владата и партијата“

фото: facebook Pokret Evropa sad, реакција на Движењето Европа сега по оставката на Милатовиќ

Откако Заменик-претседателот на Движењето „Европа сега“ и актуелен претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ поднесе оставка од сите партиски функции , реагираа од матичната партија на Милатовиќ. Движењето „Европа сега“ (ПЕС) соопшти дека одамна е забележлива намерата на Јаков Милатовиќ да ја опструира работата на 44. Влада на Црна Гора и ПЕС, што кулминираше со денешното заминување од партијата.

Во соопштението наведуваат и дека „добро е што Милатовиќ сфатил дека е време да си замине од ПЕС, за да не трпи општеството поради лично незадоволство“.

И поранешните сопартијци му порачаа на Милатовиќ дека „важно е Црна Гора да го задржи она што го кажа во оставката, а тоа е конечно да почне да работи во интерес на граѓаните наместо лична промоција“.

ПЕС објави дека од преземањето на власта, придонеле за намалување на тензиите во општеството и решавање на проблемите преку дијалог со сите политички и општествени чинители.

„Овој дијалог резултираше со избор на клучни позиции во судството, успешен попис и зголемување на минималните пензии на 450 евра, како прв чекор од програмата Европа сега 2“, се вели во соопштението на ПЕС.

ПЕС додава дека тие го деблокирале процесот на европска интеграција и дека Црна Гора е поблиску до влез во ЕУ од кога било досега.

„Ќе продолжиме да се залагаме за избор на компетентни поединци на клучни позиции, иако разбираме дека тоа е новина на политичката сцена и дека некои политички структури, па дури и поединци кои до неодамна беа во ПЕС, се противат. Ќе продолжиме да се бориме за подобар стандард на граѓаните и покрај сите пречки, зголемување на нивната заработка и до крај имплементација на програмата Европа сега 2. На крајот се надеваме дека поради јавниот интерес актуелниот претседател ќе најде сила да се издигне над неговата лична нетрпеливост и дека ќе се води од интересите на граѓаните, за разлика од досегашните постапувања и дека нема да отстапат од своите уставни надлежности“, се вели во соопштението.

Од партијата сметаат дека „добро е што Милатовиќ сфатил дека е време да го напушти ПЕС, за да не страда општеството поради лично незадоволство“.

„Ова е начин да се воспостават односи на нова основа, кои, се надеваме, ќе бидат поквалитетни. За доброто на Црна Гора е важно да се задржи она што го кажа во неговата оставка на Твитер, а тоа е конечно да почне да работи во интерес на граѓаните наместо лична промоција“, се заклучува во соопштението.

Црногорскиот претседател Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во владејачката партија ПЕС

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот