Црногорскиот претседател Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во владејачката партија ПЕС

Јаков Милатовиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Заменик-претседателот на Движењето „Европа сега“ и актуелен претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, поднесе оставка од сите функции во партијата.

„За време на формирањето на Движењето Европа сега, на граѓаните им ветивме транспарентност во работата, рационален и аргументиран дијалог за политики кои се инклузивни и одржливи, напиша Милатовиќ

Истовремено, ветивме дека компетентноста и личниот интегритет ќе бидат одлучувачки фактори за вработување и напредување. Исто така, ветивме поинаква политичка култура заснована на почитување на различностите и афирмација на европските вредности.

Сегашниот начин на работа е спротивен на ветувањата и вредностите што ги имав предвид при создавањето на Движењето. Поради оваа причина поднесувам оставка од сите функции во Движењето“, напиша Милатовиќ на профил на мрежата Х.

Неговата одлука претставува кулминација на повеќемесечниот конфликт со премиерот Милојко Спајиќ, кој е и лидер на ПЕС. Милатовиќ беше министер за економски развој во владата на Здравко Кривокапиќ, првата влада формирана по парламентарните избори во 2020 година, кога Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ беше поразена по триесет години на власт. Милатовиќ и Спајиќ беа заедно министри во таа влада.

Откако владата на Кривокапиќ ја загуби довербата на пратениците во февруари 2022 година, Милатовиќ следен од Спајиќ го основаше Движењето сега, кое по претседателските и парламентарните избори во 2023 година стана најсилната политичка партија во Црна Гора.

Во април минатата година, Милатовиќ со големо мнозинство го победи Мило Ѓукановиќ на претседателските избори, а Спајиќ освои најмногу пратенички места на парламентарните избори со ПЕС во јуни и стана црногорски премиер на крајот на јуни.

Минатата година Милатовиќ јавно критикуваше некои одлуки на Спајиќ, а нивниот конфликт беше особено забележлив кога Спајиќ, тогаш сè уште мандатар, се обиде да формира влада со малцинските партии, додека дел од ПЕС блиски до Милатовиќ инсистираше на пост-изборна коалиција со просрпската десница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот