Меџити: Не е важно кому судот ќе го „додели печатот“ на партијата, битно е со кого е народот

Фатмир Меџити - поранешен министер за здраство / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Разрешените министри Фатмир Меџити и Азир Алиу од редовите на Алијанса за Албанците вечерва гостуваа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

На прашањето дали имаат „црвени линии„ за евентуалната идна владина коалиција, за задржување на европскиот пат, Алиу одговори потврдно.

Тој вели дека нема да коалицираат со партија која нема да се обврзе да го задржи европскиот пат, што значи и уставни промени.

Фатмир Меџити пак кажа дека легален и легитимен претседател на партијата Алијанса за Албанците е Арбен Таравари, коментирајќи за тоа „чија е партијата“.

„Не е битно на кого судот ќе го додели печатот, туку со кого е народот, на кого народот ја дава поддршката“, изјави Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот