Хрватска европратеничка најави сузбивање на лажните „зелени“ реклами на производите

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

На еколошките етикети на производите не им веруваат 70 отсто од граѓаните, покажува истражувањето на хрватската европратеничка Билјана Борзан, која најавува сузбивање на неоснованите рекламни тврдења од страна на ЕУ како „климатско неутрално“ или „добро за животната средина“, пренесе Хина.

Хрватската европратеничка Билјана Борзан, автор на законскиот предлог за зајакнување на положбата на потрошувачите и продолжување на животниот век на уредите и забрана на вградените дефекти, најави сузбивање на лажното „зелено“ рекламирање кое ги доведува граѓаните во заблуда, соопштија од кабинетот на пратеникот.

Како дел од правото на ЕУ, Борзан планира да ги забрани неоснованите и недокажливи тврдења за еколошки рекламирање како што се „климатски неутрални“ или „добри за животната средина“.

Хрватскиот европратеник нарачал истражување на јавното мислење кое покажало дека речиси сите граѓани забележуваат ваков вид на реклами, но две третини од нив не веруваат во него. Анкетирани се 801 граѓанин во Хрватска.

„Овие знаци се сеприсутни, моето истражување покажува дека ги забележале 89 отсто од анкетираните хрватски граѓани. 80 отсто од нив рекле дека никогаш не ја провериле вистинитоста на таквите тврдења, а 70 отсто рекле дека не им веруваат. Производителите препознале дека еколошкиот отпечаток на производот е се поважен за клиентите, особено за помладите, и затоа без никаква основа посочуваат зелени тврдења и етикети“, предупредува Борзан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот