Хрватска е европски шампион во ватерполо

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска е нов европски шампион откако во финалето што се играше во Сплит, „баракудите“ славеа со 10:9 (3:3, 1:0, 4:4, 2:2) над Унгарија.

Ова е второ злато за Хрватска, а двете ги освои на домашен терен, претходно на европскиот трон се искачи во 2010 година во Загреб.

Констанин Харков и Рино Буриќ дадоа по три гола за Хрватска, Јерко Мариниќ Крагиќ два, а Андрија Башиќ и Иван Крапиќ по еден. Головите за Унгарија ги постигнаа: Шилард Јаншик и Ерик Молнар по два, Кристијан Манхерц, Акос Конарик, Ѓорѓо Заланки, Тони Немет и Чаба Вигвари по еден.

Финалето помина во неизвесна борба на двете репрезентации, најчесто се играше гол за гол, а Хрватите само во два наврати има предност поголема од еден гол.

Хрватска го отвори резултатот преку натурализираниот руски ватерполист Харков, но Унгарците експресно возвратија и првата четвртина заврши 3:3. Во втората четвртина, одбраните на двете репрезентации беа на ниво и беше постигнат само еден гол, тој го постигна Харков.

Во третата четвртина, Хрватска за прв пат поведе со два гола разлика благодарение на Буриќ. Но, во следниот напад Немет намали на 5:4, а потоа Манхерц погоди за израмнување. Во следните минути се играше гол за гол, се до три минути до крајот на натпреварот кога Крагиќ погоди за 9:8, потоа Манхерц не успеа да го реализира петерецот по што точка на натпреварот стави Крагиќ со нов гол од пет метри.

Шпанија, актуелниот светски првак во репризата од финалето на Мундијалот ја победи Италија и го освоии бронзениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот