Хрватите тераат сеир со Србите: Пак ќе не гледаат на ТВ

epa08816872 Serbia's players react after losing the UEFA EURO 2020 qualification playoff match between Serbia and Scotland in Belgrade, Serbia, 12 November 2020. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Репрезентацијата на Хрватска е редовен учесник на големите фудбалски настани, на последниот таков настан, Светското првенство во Русија 2018 година играше во финалето, додека Србија вчера имаше идеална шанса во Белград да обезбеди пласман на Европското првенство, но потклекна во пенал рулетот.

Селекцијата на Србија загуби од Шкотска, а трагичар на натпреварот беше напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ кој го промаши последниот пенал и го однесе противникот на ЕП.

Сол на раната на Србите им стави нивниот сосед, Хрватска, односно медиумите кои тераа сеир поради неуспехот на избраниците на Љубиша Тумбаковиќ.
Србите повторно ќе нè гледаат на ТВ, а ние преку два домаќини одиме по нов голем резултат“, гласеше насловот на текстот на сајтот 24sata.hr.

Неуспехот на својата репрезентација го признаа и српските медиуми. 

БАРАЖ ЗА ЕП: Пеналите кобни за Србија, Шкотска ќе игра на ЕП (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот