ХРВАТИТЕ ЈА НАПЛАЌААТ И СЕНКАТА НА ПЛАЖАТА: Објавен ценовник од познат камп

За место под сенка во кампот Маслиник во Хрватска се наплаќаат по две евра за возрасни и по 1,5 евро за деца, објави хрватската новинарка Весна Кљајиќ на својот профил на Фејсбук.

По обелоденувањето на оваа информација, сопственикот на кампот Маслиник, Златко Докиќ, ја укинал оваа давачка.

– Откако се затрупа просторот на плажата на која изнајмувам дрвени лежалки и чадори, бев приморан да наплаќам за „место под сенка“. Можеби сум се изразил лошо, ама тоа е просторот кој се наоѓа покрај чадорите и лежалките во кој моите гости непречено би уживале на плажата. Но, гледам дека оваа вест ја разбранува јавноста, и решив од денеска повеќе да не наплаќам за „место под сенка“ како би биле задоволени сите верни борци за правда пред своите компјутери, но и за народот да види дека понекогаш неговите желби се уважуваат. Отсега ќе можат бесплатно да ја користат сенката под маслинките. Тоа што со сигурност можам да го кажам е дека легално наплаќам за својот имот и во тоа нема ништо спорно. Ете драги мои, се реши и таа мистерија со наплатувањето на сенката – рече Докиќ за Оток Крк.

Nastavljam s objavama bisera hrvatskog turizma. Ovo sam preuzela od Senka Puškara. Žao mi je samo što su prekrili ime iznajmljivača.

Publiée par Vesna Kljajić sur Lundi 22 juillet 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот