Хрват во Германија продавал грамофонска плоча со ликот на Хитлер, брутално казнет

Фото: Принтскрин

Хрват (54) од Лауфен во германската сојузна држава Баварска, излегол пред суд бидејќи во мај оваа година, помеѓу другото, продавал и грамофонска плоча со ликот на Адолф Хитлер и забранетиот нацистички знак.

Во Германија истакнувањето на нацистички ознаки е нешто што е најстрого забрането.

Хрватот се жалел на првобитната казна во износ од 1.600 евра, па сега ќе мора да плати 2.000 евра плус судски трошоци.

Мажот на судот рекол дека грамофнската плоча ја купил во еден маркет, а наводно тој не забележал дека на неа е ликот од Хитлер.

– Содржината на кутијата ја погледнав површно. Во кутијата имаше грамофонски плочи од народни песни и Ролинг Стонес – тврдел Хрватот на судот.

Меѓутоа, судијата не му поверувал, па тој бил парично казнет со голема сума на пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот