Хотелиерите се уште се „двоумат“ дали ќе користат државни субвенции за ЕКСПО 2027

Белградски саем/ Фото: Википедија

Мнозинството сопственици на хотели во Србија сè уште ги разгледуваат финансиските можности за реновирање или проширување на капацитетите, со државна помош од 20 отсто од вредноста на инвестицијата, со цел да се обезбеди сместување за посетителите на специјализираната меѓународна изложба EКСПО 2027.

Директорот на хотелот „Хилтон“ во Белград, Александар Василијевиќ за агенцијата Бета изјави дека одлуката за проширување или реконструкција на капацитетот не е едноставна бидејќи покрај финансиските трошоци бара и анализа дали ќе можат да да се пополнат по завршувањето на изложбата. „Размислуваме за изградба на нови капацитети. Државната субвенција е атрактивна, но до крајот на 2026 година во одреден рок треба да се обезбеди локацијата, сите дозволи и проектот на кој се работи неколку години, рече Василијевиќ. Според директорот Драган Живковиќ, хотел „Мажестик“ во Белград најверојатно ќе аплицира за државни стимулации само за реновирање бидејќи нема простор за проширување. Директорот на белградскиот хотел „Фалкенштајнер“ Марко Илиќ истакна дека сопствениците на хотелот се уште немаат донесено никаква одлука. Ситуацијата се анализира, рокот е крајот на годината“, рече Илиќ.

Претседателот на Кластерот за туристичка индустрија Врњачка Бања, Ѓорѓе Макуљевиќ изјави дека со голем интерес наишла на Уредбата за распределба на средства за изградба и реконструкција на хотелски капацитети. Државата ќе одвои пари за инвестициски проекти во бањските и климатските одморалишта чија минимална вредност е два милиони евра, а кои ќе обезбедат вработување на најмалку 30 нови вработени на неопределено време. Ќе се доделат и средства за инвестициски проекти во белградскиот регион за изградба на хотели кои ќе бидат категоризирани со три или повеќе ѕвезди и ќе имаат минимум 50 сместувачки единици, со минимална вредност на инвестицијата од пет милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот