Холандија ќе распореди американски систем за воздушна одбрана „Патриот“ во Литванија

Холандскиот премиер Марк Руте/ Фото EPA-EFE/SEM VAN DER WAL

Холандија ќе распореди американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Литванија, соопшти денеска холандскиот премиер Марк Руте за време на средбата во Вилнус со литванскиот претседател Гитанас Науседа, пренесува МИА.

„Границите на Литванија се исто така граници на ЕУ и НАТО, што ги прави наши граници и ние ќе ги заштитиме“, изјави Руте.

Литванскиот претседател ја поздрави оваа одлука и ја дефинира како важна фаза во имплементацијата на европскиот модел за противвоздушна одбрана на принципот на ротација во регионот на Балтичкото Море.

Литванското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека распоредувањето на системот „Патриот“ ќе трае неколку недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот