Холандија го одложува олеснувањето на анти-ковид мерките

Луѓе уживаат во топлото време во Амстердам, Холандија / 07 Mај 2020, EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Холандија ја одложи следната фаза на ублажување на рестриктивните мерки за најмалку една недела, бидејќи бројот на случаи и притисокот врз болниците остануваат високи.

– Поминуваме низ врвот на третиот бран. Но, падот на стапката на зараза сè уште не е доволно силен, напиша холандскиот министерот за здравство Уго де Јонг на Твитер.

Теретаните, зоолошките градини и забавните паркови требаше повторно да се отворат на 11 мај, но тоа е одложено најрано за 18 мај.

Холандија минатата недела малку ги ублажи ограничувања, укинувајќи го ноќниот полициски час и дозволувајќи им на баровите и рестораните да служат мали групи на отворено помеѓу пладне и 18 часот.

Бројот на пациенти со коронавирус во холандските единици за интензивна нега во последните неколку недели се искачи на највисоко ниво оваа година, а бројот на случаи достигна нивоа регистрирани на почетокот на годината. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот