ХИТ ВИДЕО: Ѓоковиќ лудо се забавува во Њујорк, танцува и свири саксофон

Новак во одлично расположение гочека својот прв настап на УС Опен/ принтскрин/Инстаграм

Новак Ѓоковиќ во добро расположение го чека стартот на УС Опен каде првиот меч ќе го игра вечерва.

Прв противник во походот на 21 грен слем трофеј на Ѓоковиќ ќе му биде Данецот Холгер Руне.

Изгледа дека притисокот од податокот дека се наоѓа пред историски успех, односно доколку триумфура на УС опен ќе собори два рекорди, не му претставува проблем.

Доколку слави во Њујорк, Ѓоковиќ ќе дојде до бројката од 21 грен слем титула, а ќе го освои и календарскиот слем, односно ќе победи на сите четири грен слем турнири во една година, прв пат по Род Лејвер.

Најдобриот светски тенисер слободно време во Њујорк го користи за да се забавува и настапот на УС Опен го најави со саксофон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот