Хит играта „Wordle“ што ги „зарази“ интернет корисниците, ја откупи „Њујорк Тајмс“

Wordle/Профимедиа
ddp USA / Profimedia

Компанијата „NYT“ ја купи играта „Wordle“, игра во која треба да погодувате зборови, а која во последно време стана исклучително популарна ширум светот.

Како што објави „NYT“, купувањето на „Wordle“ е само еден од низата потези со кои до 2025 година сакаат да имаат 10 милиони претплатници на своето дигитално издание. Иако точниот износ со кој „NYT“ а купил „Wordle“ не е познат, сепак станува збор за износ од седум цифри, односно некаде меѓу еден и десет милиони долари.

Wordle/Printscreen
Wordle/Printscreen

Што е „Wordle“?

Целта на играта е да погодите збор од пет букви од шест обиди. Доколку ја поставите буквата на вистинското место, полето ќе стане зелено. Доколку буквата е на погрешно место тогаш полето станува жолто. Сивата боја значи дека буквата воопшто ја нема во зборот.

Не мора да ја инсталирате играта, доволно е само да ја отворите овде. Исто така, на корисниците им е интересно тоа што добиваат по само една загатка дневно.

Македонската твитер заедница, буквално „откачи“ по оваа интернет занимација. Но, ние не би биле ние ако не направиме и македонска верзија. Така што на овој линк имате можност да ја играте играта со погодување зборови на македонски јазик. Симболично, играта се вика „Зборле“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот