Хеликоптер на австриски бизнисмен се урнал во планините, пилотот загинал

Ханс Петер Хазелштајнер
Ханс Петер Хазелштајнер/ Фото EPA/HERBERT PFARRHOFER

Хеликоптер во сопственост на австрискиот бизнисмен Ханс Петер Хазелштајнер се урна денеска додека се приближуваше кон аеродромот во Винер Нојштад.

Во оваа несреќа загинал пилотот, соопшти полицијата.

Како што пренесува австриски Хеуте, хеликоптерот се враќал на аеродромот откако тргнал од Хазелштајнер на планината Земеринг.

Во хеликоптерот не биле членови на семејството на поранешниот политичар и претприемач.

При слетувањето преовладувале тешки услови поради маглата, па тоа е најверојатната причина за падот на хеликоптерот.

Хеликоптерот се запалил при падот, па пожарникарите од Винер Нојштад со 26 свои возила излегле на местото на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот