Харадинај со Твитер порака до Вучиќ

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај упатил порака до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со „хуманитарната криза“ на северот.

На оваа порака, постирана на неговиот Твитер профил, Харадинај побарал од Вучиќ да не се обидува да го реализира неговото измамничко сценарио за дестабилизирање на северот на Косово, пренесува Телеграфи.

– Драг Александар Вучиќ, ве повикувам да не го спроведувате вашето добро познато измамничко сценарио за да го дестабилизирате северот на Косово. Лажната „хуманитарна криза” нема да служи никогаш како штит за твоите цели за дестабилизација и вие ќе бидете одговорен – напишал Харадинај на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот