ХАОС ВО ПАРИЗ: Жолти Елеци, запалени автомобили, конфликти, солзавец и апсења (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ Yoan Valat

Поддржувачите на Движењето „Жолти елеци“ денеска ја одбележуваат првата годишнина од протестот, кој започна како револт околу данокот за бензин по што стотици илјади луѓе излегоа на улиците низ цела Франција.

Додека ја прославуваат својата годишнина овој викенд, демонстрантите се обидуваат да ги оживеат протестите кои што почнале да стивнуваат последните неколку недели.

При најновите протести дошло до конфликти и многу запалени автомобили по улиците.

Силни полициски сили се распоредени во Париз во пресрет на протестите кои честопати ескалираа во насилство и судири со полицијата. До пладне, 24 лица се уапсени низ француската престолнина.

Полицијата интервенираше и за да спречи неколку стотици демонстранти да го блокираат кружниот тек во Париз, при што била принудена да користи солзавец и водени топови.

Протестите на „Жолтите елеци“ почнаа кон средината на ноември 2018 година, првично поради зголемувањето на цената на горивата и високите трошоци за живот, но прерасна во пошироко движење против претседателот Емануел Макрон и неговите економски реформи.

На почетокот, десетици илјади луѓе учествуваа во протестите, на моменти и до 300.000, а подоцна се намали нивниот број на неколку илјади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот