ХАОС ВО АЕРОДРОМ: Некои ученици добиле униформи, но половични и мали, другите уште чекаат

Пред 10 дена Општина Аеродром информираше дека почнува дистрибуцијата на униформите низ училиштата, вест која ги израдува учениците и родителите. Но сепак, униформите се уште не се стасани до сите ученици. Како што раскажуваат родителитете, во училиштето „Љубен Лапе“ воопшто не се поделени униформи, во „Браќа  Миладиновци“ децата дури вчера добиле половична униформа.

– Добија само две парчиња од униформата, наместо четири. Сукња или панталони и блузи и толку. Ни рекоа дека елекот и блузата дополнително ќе ги донесат, но кога, не кажаа – вели мајка чие дете учи во второ одделение во ОУ „Браќа Миладиновци“.

Проблем е и тоа што бројчињата на униформите не се исти како оние од лани, па на некои од децата им се мали и имаат потреба да се заменат, а се уште нема каде да го направат тоа.

– Бројчињата на облеката се помали од оние што го добивавме до лани, па затоа униформата му е мала на моето дете. Засега нема можност да ја замениме, ќе мора да се чека да се отвори продавница. Дури тогаш ќе може да купиме дополнителни парчиња за да има за пресоблекување – вели мајка од училиштето „Блаже Конески“.

Од општината засега не може да кажат кога ќе заврши дистрибуцијата, односно кога сите учениците ќе имаат комплетни униформи ниту пак кога ќе се отвори продавницата, каде ќе може да се заменат униформите или да се купат дополнителни парчиња облека.

Зошто во „Љубен Лапе“ воопшто не е почната дистрибуцијата од општина велат дека тоа е најголемо училиште, па затоа таму ќе се испорача кога ќе има доволно парчиња облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот