Халид Бешлиќ е жртва на интернет измама: „Тоа е лага, јас немам врска со тој производ“

Фото: Драгана Удовичиќ

Босанскиот пејач Халид Бешлиќ (70) сподели дека е жртва на интернет измама.

На неговата официјална страница на Фејсбук е објавено дека се појавиле реклами за сода бикарбона, а идентитетот на музичарот бил искористен за нејзина промоција.

„Лага! Овој оглас се појави на страница на Фејсбук и сакаме да ве известиме дека немаме никаква врска со тоа. Секоја таква реклама ќе биде пријавена кај органите на прогонот“, се вели на официјалната фејсбук-страница.

Повеќе корисници на Фејсбук искоментираа дека се работи за очигледна фотомонтажа и дека не паднале на измамата.

Ова не е првпат да се случи ваква измама на социјалните медиуми. Повеќе регионални ѕвезди ги предупредија своите обожаватели за слични појави, односно лажни реклами. Во слични ситуации се најдоа Каролина Гочева, Нина Бадриќ, Јелена Розга итн.

ФОТО | Каролина Гочева предупредува: Го користат мојот лик за лажна реклама

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот