Хабек: Единството на ЕУ почнува да се распаѓа поради руските санкции

Роберт Хабек/ Фото EPA-EFE/Roberto Pfeil / POOL

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изрази страв дека единството на Европската унија „почнува да се распаѓа”, пред самитот на лидерите на ЕУ на кој треба да се дискутира за ембарго на нафтата од Русија и плановите за намалување на зависноста од руската енергија.

– По нападот на Русија врз Украина, видовме што може да се случи кога Европа е обединета. Имајќи го предвид утрешниот самит, да се надеваме дека така ќе продолжи. Но, веќе почнува да се распаѓа, изјави Хабек на прес-конференција на отворањето на трговскиот саем во Хановер.

Тој побара од Германија на самитот „да зборува со еден глас” и да не се воздржува од гласање поради разликите во мислењата во владејачката коалиција, повикувајќи ги другите членки на ЕУ да бидат обединети.

– Европа е сè уште огромна економска област со неверојатна економска сила. И кога е обединета, може да ја искористи таа моќ, нагласи Хабек.

Лидерите на ЕУ утре и во вторник ќе разговараат за новиот пакет санкции против Русија, што би можел да вклучи и ембарго на нафта, како и програма насочена кон забрзување на прекинот на зависноста од фосилните горива, вклучително и рускиот гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот