Гвардиола се шегува пред дуелот со Атлетико: Ќе играме со 12 играчи!

фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Во вторник (5 април) ќе се играат првите натпревари од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите помеѓу екипите Манчестер сити и Атлетико Мадрид и Бенфика – Ливерпул. И двата меча ќе стартуваат од 21.00 часот.

Повеќе внимание се очекува да привлече дуелот на „Етихад“ стадионот кој ќе го суди Романецот Истван Ковач.

Секој ривал бара нов пристап, и личен и тактички. Но, не целосни промени, па на прашањето „дали мисли да смени нешто посебно за мечот со Атлетико“, менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола даде саркастичен одговор.

– Утре ќе видите нова тактика, бидејќи само така може да постигнете добар резултат во Лигата на шампионите. Би било досадно да се игра секогаш исто. Не ми се допаѓа кога слушам дека Сити ќе игра исто против Атлетико и Ливерпул. Движењата ќе бидат различни, играчите ќе бидат други со различен карактер. Затоа размислувам да сменам сè и да креирам глупава тактика. Ќе играме со 12 играчи утре – рече Гвардиола.

Олеснување за сите екипи е што е укинато правилото „гол на гости“.

– Три пати бевме елиминирани поради правилото „гол на гости“. За среќа, сега тоа се промени и притисокот е помал. Ќе играме на победа утре овде и на реваншот во Мадрид. Ќе дадеме сè од себе да одиграме најдобро и да одиме во Мадрид со најдобар резултат – вели шпанскиот стратег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот