Гвардиола: Ливерпул секогаш ни е најголем противник за титулата во Премиер лигата

Менаџерите на Ливерпул и Манчестер сити, Јирген Клоп и Пеп Гвардиола/ фото: EPA-EFE/Nigel Roddis

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека Ливерпул и натаму е најголемиот противник на „граѓаните“ во борбата за титулата во Премиер лигата.

В недела е дербито од 11 коло, на стадионот „Енфилд“ од 17.30 часот играчите на Јирген Клоп ќе го пречекаат составот на Сити.

На табелата составот на Гвардиола од девет одиграни натпревари има 23 бодови и е на втората позиција, веднаш зад Арсенал кој има 24, додека „црвените“ кои до сега се непрепознатливи сезонава, после осум мечеви се дури на 11 место со 10 бодови.

– Ливерпул секогаш бил и секогаш ќе биде наш најголем противник за титулата. Го знам квалитетот што го имаат, тие го знаат квалитетот што го имаме ние. Кога би ми го поставиле тоа прашање на 10 кола до крајот, би рекол дека не би можеле да го достигнат врвот во лигата, со водството на Арсенал, но со оглед на позицијата на која се наоѓаме, и со Светското првенство, сè може да се случи – вели Гвардиола, а пренесува „Би-Би-Си“ (BBC).

Шпанецот в недела против Манчестер сити очекува еден тежок натпревар и ништо друго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот