Гваидо нема намера да преговара со Мадуро!

Опозицискиот лидер во Венецуела Хуан Гваидо изјави дека опозицијата во моментов не планира да учествува во новата рунда преговори во Норвич со претставниците на претседателот Николас Мадуро, по последните неуспешни разговори одржани на 29 мај.

Гваидо за време на протестите во централна Венецуела изјави дека во моментов нови преговори со претставниците на Мадуро не се на дневен ред.

– Зошто не? Затоа што е бескорисно сето она што не води кон оставка на Мадуро – рече тој.

Гваидо, кој е претседател на собранието, се прогласи за претседател на Венецуела во јануари, повикувајќи се на уставот на земјата и тврдејќи дека владата на Мадуро била избрана на нелегитимен начин.

Како привремен претседател на Венецуела го признаа повеќето западни земји,, меѓу кои и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот