Гутереш: Време е за сериозен разговор за завршување на осумгодишната војна во Сирија

фото: EPA-EFE/AMEL PAIN
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска оцени дека турската офанзива и моменталното примирје во североисточна Сирија покажуваат дека е дојдено време за сериозни разговори за завршување на осумгодишната војна во оваа земја.
Пред новинарите во Њујорк тој изјави дека политичкиот процес „сега е позначаен од било кога претходно”.
Гутереш додаде дека ОН „сега се целосно уверени” дека комитетот за изработка на предлог Уставот на Сирија, чиј прв состанок е закажан за следната недела во Женева, ќе почне со работа и „прв чекор ќе му биде изнаоѓањето политичко решение”.
-Се надеваме- рече тој, дека тоа „ќе води кон затворање на ова трагично поглавје во животот на жителите на Сирија”.
Турција почна офанзива на североистокот на Сирија против сириските Курди, кои ги смета за терористи, а кои се главни сојузници на САД во борбата со Исламска држава, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече американските војници од таа зона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот