Гутереш: И војните имаат правила, цивилите никогаш не смеат да се користат како жив штит

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш пред почетокот на затворената седница на Советот за безбедност на ОН изјави дека „дури и војните имаат правила“ во врска со ситуацијата во Израел и Појасот Газа и повика на заштита на цивилите во војната меѓу израелските безбедносни сили и исламистичкото движење Хамас кои, како што рече, „никогаш не смеат да се користат како жив штит“, пренесуваат светските медиуми.

-Преместувањето на повеќе од милион луѓе низ густо населената воена зона на место без храна, вода или засолниште, кога целата територија е под опсада, е крајно опасно и во некои случаи едноставно не е можно, рече Гутереш за време на кратките изјави во седиштето на ОН во Њујорк.

Земјите го повикаа Израел да го одложи нападот врз северниот дел на Газа. Милитантната група, која ја контролира густо населената палестинска територија, вели дека ќе се бори до последната капка крв и им порача на жителите да не одат никаде, иако Израел им нареди да се евакуираат на југ од енклавата во рок од 24 часа.

Некои Палестинци ја послушаа таа порака, но попладнево имаше неколку знаци за масовен егзодус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот