Гутереш до САД: Укинете ги или откажете се од санкциите кон Иран

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ја повика администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ги укине или да се откаже од сите санкции кон Иран, како и да се врати на договорот од 2015 година, насочен кон спречување на Техеран од развој на нуклеарно оружје.

Во извештајот до Советот за безбедност на ОН, Гутереш го повика Иран да се придржува до одредбите од договорот и го нарече нивното кршење загрижувачки чекор од Техеран.

СБ денеска расправа за извештајот на генералниот секретар за спроведувањето на резолуцијата од 2015 година, која исто така вклучува и нуклеарен договор меѓу Иран, САД, Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го напушти договорот во 2018 година и повторно воведе остри санкции кон Иран, што доведе Техеран да започне да крши некои од нуклеарните ограничувања во 2019 година.

Апелот на Гутереш до Вашингтон и Техеран доаѓа во време на разговори за заживување на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот