Групната изложба „Супстрати“ во Париз ќе ја афирмира културната програма на Отворен Балкан

Постер за изложбата во Париз

Под покровителство на министерствата за култура на Северна Македонија, Србија и на Албанија, а во рамки на културната програма на иницијативата Отворен Балкан, на 13 јули (четврток) 2023 година, во 20 часот, во Културниот центар на Србија во Париз, ќе биде отворена изложбата „Супстрати“.

На изложбата пред меѓународната јавност ќе бидат претставени новите проекти на уметниците Кристина Пулејкова (Северна Македонија), Нина Жељковиќ (Србија) и Дриант Зенели (Албанија).

Куратор на изложбата е Клаудија Пецолд, основач на порталот за подигнување на свеста за преобразба на природното и културно наследство „Curating Evolution“, која фокусирајќи се на современата уметност ги нагласува фундаменталните врски помеѓу трите земји во рамки на Отворен Балкан.

Реализацијата на културната програма на Отворен Балкан овозможува балканските земји преку својата уметничка сцена во современ концепт да ја претстават балканската култура и воедно преку интеркултурен дијалог и интердисциплинарен пристап, да ги промовираат специфичните културни и уметнички карактеристики на Балканот.

Изложбата „Супстрати“ ќе биде отворена за јавноста до 12 август 2023 година, известија од Министерството за култура на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот