Групата „Баклава“ ќе одржи концерт „За Скопје со љубов“

Во рамките на „Скопско лето“ на 23 јули (сабота), со почеток во 20.30 часот, во Сули ан – Факултет за ликовни уметности во Скопје групата „Баклава“ ќе одржи концерт со наслов „За Скопје со љубов“.

Вокален солист на групата „Баклава“ е Елена Христова која, покрај пеењето, е композитор, истражувач и документарист. Позната е како творец и изведувач во својот матичен бенд „Баклава“, но и по многубројните проекти, како бендот „Баба Зула“ од Турција, бендот „Бекјард џез оркестра“, коавтор на проектот „Биоскопија“ со Горан Трајкоски. Соработник е во многу проекти и бендови како во Македонија и Турција, кои се нејзини живеалишта, така и ширум светот.

Концертот „За Скопје со љубов“ е музичка разгледница во која таа ги опејува убавините и ги раскажува приказните на својот роден град Скопје. На сцената во Сули ан таа ќе изведе комплетно нови песни посветени на градот Скопје и низ приказни и фотографии ќе го сведочи нивното создавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот