Груби: Спасовски и Буши подготвени да помогнат во распределба на административците

Артан Груби/ Фото: Фејсбук

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и неговиот заменик Назим Буши разговарал за распределбата на административните службеници кои се вработени преку програмата К5, а не се распределени на работни места.

– Во духот на добрата соработка, Спасовски и Буши го поздравија конечното решение на прашањето за административните службеници кои досега не беа распределени на работни места. Тие изразија подготвеност за соработка и заеднички успех, напиша Груби на својот фејсбук профил.

Претходно, како што посочува Груби на ФБ статусот, остварил средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која, според него, исто така, изразила подготвеност да помогне и да ја поддржи распределбата на К5 административните службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот