Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека постојат тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот, како од опозицијата така и од одредени медиуми кои тенденциозно известуваат, вели тој за Канал 5 појаснувајќи го инцидентот со запаленото Ауди, кое тој го користел.

Исто се случуваше и со моите деца кои одат во јавни училишта, кои се на подложени на секојдневен притисок. Истрагата ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото. Се надевам дека според она како работат институциите, презедоа огромна операција , имаат добра координација така што набргу ќе се реши, вели Груби.

 

Груби смета дека палењето на автомобилот е политички чин.

Возилото Ауди од 2008 го продадов и за приватни потреби ги користам возилата на моите браќа, Ксарата на татко ми , како и други возила. Апсолутно Аудито не е мое возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција и не го користев ова возило 10 дена. Лажни се снимките дека неодамна сум го користел тоа возило, и тоа од 2019. Сите претпоставувале дека возилото е мое лично. Пријателот ми е близок и живее во моја близина. Имаше флешери возилото , вели Груби.

 

Исто така, Групи појаснува дека пријателот со аудито е успешен бизнисмен повеќе од 30 години и институциите може слободно да го испитаат потеклото на неговиот имот.

Ги поканувам сите институции да истражат било каква претпоставка дека имам некаков имот и дека од целион настан во 3 и пол наутро пред моите деца , не изразија жалење. Ова за мене говори за многу жална ситуација во која се наоѓа нашето општество. Нека се истражи чие е возилото.

Груби вели дека повеќе не се чувствува сигурен да се движи сам бидејќи вербалната агресија станува физичка.