Груби и Османи им порачаа на „огнените“: Цел Чаир, сосе „Дижонска“, е за Али Ахмети

Фото: Фејсбук

„Едногласно, сите локални совети во рамки на чаирскиот огранок на ДУИ, вклучувајќи го и тој од населбата Дижон 1, со помасовно присуство од кога и да било, се построија кон Али Ахмети и „европскиот фронт“,“ изјавил синоќа пред симпатизерите во партискиот штаб Дижон 1 во Чаир Артан Груби, пренесе „Тетова сот“.

Заедно со новоназначениот „координатор за Чаир“, Бујар Османи, и со министерот Крешник Бектеши, Груби одржа партиска средба од која им порачаа на „огнените“ да ги „остават да си ја работат работата“ и дека им е „чест да ги не нарекуваат ахметисти“.

„Колку пообединети, толку сме посилни“, рекол Груби на собирот и додал дека е чест што и на „Дижонска“ и во цел Чаир тој, Османи и Бектеши се идентификуваат како луѓе на Ахмети.

„Волјата на Ахмети е изразена преку Бујар, кого го назначи за координатор во Чаир“, порачал Груби пред симпатизерите.

„Па дали има поголема чест од тоа“, рекол Османи пред присутните на собирот и оценил дека „идните генерации ќе го ценат тоа што биле луѓе на албанскиот лидер Ахмети и дека ќе биде ценето тоа што го направиле за албанскиот народ“.

Од „огнените“ реагираше организацискиот секретар на ДУИ, Блерим Беџети, кој вели дека не би бил изненаден ако секој огранок добие „координатор“, функција што досега не постоела во ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот