ГРОМ: Синдикатот на ЈСП е „дворски шут“ во политичкиот циркус во оваа држава

Фото: МИА

Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ е згрозена од политичкиот циркус кој го направи синдикатот на ЈСП Скопје.

-Да се отпочне штрајк за само три дена доцнење на плата во јавното сообраќајно претпријатие е политички мотивиран случај со цел да се дискредитира градоначалничката на градот Скопје не водејќи никаква сметка за интересите на граѓаните. За жал раководството на овој синдикат одлучи да и служи на една партија која во своето делување се колне во името на граѓаните, а во пракса првпат после земјотресот 1963 година скопјани ги остава без автобуски превоз. Ова е само доказ дека синдикатот на ЈСП е продолжена рака на политичката партија чие основно начело е опструкција, создавање тензии и немајќи што да им понуди на граѓаните на Скопје прибегна кон гол егзибиционизам. Жално е што синдикатот на ЈСП се претвори во „дворски шут” на ретроградните политички сили кои тежнеат кон натамошно зголемување на тензиите во општеството во услови на економска, социјална и енергетска криза, реагираат од ГРОМ.

Според оваа партија синдикатот докажал дека не ги застапува интересите на вработените во ЈСП туку дејствувал како месен комитет на политичките сили во оваа држава „кои не знаат на каде тераат“.

-Ова е само предвесник дека опструкциите и поттикнувањето на безредие и хаос нема да запрат овде и ќе се обидат да ги прелеат во останатите јавни претпријатија во градот. На оваа оркестрирана деструктивност на  жртви ќе бидат само граѓаните на Скопје. Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ ги повикува надлежните државни институции да преземат законски санкции против креаторите на овој политички маскенбал а вработените во ЈСП и да изнајдат сили и да изберат синдикално раководство кое вистински ќе ги застапува нивните интереси, стои во соопштениот на ГРОМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот