Грк осуден на 8-годишна затворска казна оти убил две бездомни мачки

мачка
Фото: Принтскрин/Редит

На затворска казна од осум години е осуден 33-годишен маж во Грција за убиство на две бездомни мачки во атинска населба, а паралелно изречена му е и парична казна во висина од 20.000 евра.

Во февруари минатата година, сега веќе осудениот беше уапсен по пријави од граѓани и видеа од безбедносни камери дека убива и измачува улични мачки, по што му беше одредена мерка притвор.

На судењето одржано вчера, според грчките медиуми, 33-годишниот бил осуден без никакви олеснувања, му се судело за убиства на две мачки, иако против него имало пријави за поголем број.

Ова е втор случај во Грција лице да биде осудено на затворска казна поради мачење или убиство на животно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот