Грета Тунберг денес пред судот во Лондон

Грета Тунберг / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Шведската климатска активистка, Грета Тунберг, денеска ќе се појави пред судот во Лондон под обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, поради протестот пред зградата каде минатата година се одржа конференција за нафта и гас.

Британските медиуми пишуваат дека Тунберг, заедно со уште четири лица, беше уапсена во октомври пред хотелот во Лондон, каде што на енергетски форум присуствуваа лидери од оваа индустрија.

Сите петмина обвинети се изјаснија за невини, а со нивното судење, кое се очекува да трае најмалку два дена, ќе претседава судија без порота.

Доколку бидат прогласени за виновни, тие се соочуваат со максимална казна од 2.500 фунти.

Други климатски активисти, меѓу кои и групата Гринпис, најавија дека ќе протестираат пред судот во знак на солидарност со обвинетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот