Грција под жесток удар на петтиот бран на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Во Грција пристигна петтиот бран од ковид вирусот кој две години го парализира светот. Бранот, кој беше оценет како најсмртоносен, доведе до драстично зголемување на бројот на заразени со коронавирус, додека бројот на смртни случаи ги надмина сите прогнози. И покрај катастрофата што ја погоди земјата, Грците во некои региони сè уште немаат доверба во вакцините.

Минатиот понеделник, дневниот број на новозаразени беше рекордни 7.335 – највисок од почетокот на пандемијата.

Фото: EPA-EFE/BOUGIOTIS VANGELIS

За разлика од другите европски земји, кои се соочуваат со зголемување на заболените, Грција има релативно висока вкупна стапка на вакцинација, која е околу 63 проценти. Сепак, постојат големи разлики во различни делови на земјата. Во северните делови на Грција , на пример, процентот е далеку под 50 проценти.

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Насловите во медиумите ја опишаа ситуацијата во Грција како „воено сценарио“, додека мрачните прогнози на експертите очекуваат бранот да продолжи до декември.

Сепак, премиерот Мицотакис ја отфрли можноста за воведување изолација за невакцинираните, како што беше воведена во Австрија во понеделникот.

Болница во Грција за време на ковид-19 / Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS

Здравствените експерти сметаат дека петтиот бран во земјата бил директно резултат од претходниот бран кој беше присутен во текот на летото, како резултат на лабавите мерки за време на туристичката сезона во Грција.

„Тоа беше причина за нов сериозен бран на пандемија со кој се соочуваме сега бидејќи веќе имавме прилично голем епидемиолошки товар“, сметаат експертите

Скептицизмот, теориите на заговор и презирот кон авторитетот се сметаат за главни виновници за актуелната ситуација. Членовите на движењето против вакцинацијата во Грција се исклучително гласни и не се двоумат да го кажат своето мислење на улиците низ земјата.

Во текот на летото илјадници луѓе постојано протестираа против вакцинацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот