Грција достави хуманитарна помош за Украина

Архива на СП

Грција секогаш на вистинската страна на историјата! Мисијата е завршена, напиша на социјалните мрежи грчкиот заменик-министер за одбрана Никос Хардаљас, откако хуманитарната помош од Грција за Украина, пристигна во Полска.

Хардаљас ја предводеше грчката делегација што пренесе медицински материјали и продукти за основни потреби, а хуманитарна помош со воени авиони C-130 и карго летови беше транспортирана во Полска за оттаму да биде доставена до украинските граѓани, но и до грчките иселеници.

При поаѓањето од Атина, заменик-министерот за одбрана рече дека Грција ја поддржува Украина на секој начин, а во тие рамки е и хуманитарната помош.

-Нашата солидарност, нашите желби, нашите молитви се со украинскиот народ и нашите иселеници, кои претрпеа такви трагични загуби, истакна Хардаљас.

Освен хуманитарна помош, Грција испрати и одбранбен материјал за Украина, а според грчките медиуми помошта вклучува муниција, пушки од типот Калашников и фрлачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот